Свет

Кина воведе царина на алкохолните пијалаци од ЕУ

09 Oct 2024

Откако членките на ЕУ со мнозински гласови гласаа за воведување на царини на кинеските електрични возила, Кина воведе привремени антидампинг мерки на увозот на алкохолни пијалаци од ЕУ, што ги погоди брендовите како Hennessy, Remy Martin и други.

Прелимираната истрага утврди дека дампинскиот увоз на бренди од ЕУ го загрозува кинескиот сектор на бренди, соопшти кинеското министерство за трговија, пренесува „Ројтерс“.

Најавувајќи дека би можело да има уште мерки, министерството наведе дека и натаму води антидампинг и антисубвенциска истрага во врска со увозот на свинско месо од ЕУ и дека „објективно и правично“ ќе донесе одлука по завршувањето на истрагата.

 Исто така, од министерството додаваат дека го разгледуваат зголемувањето на царините на увоз на возила со големи мотори, што највеќе ги погодува германските производители. Минатата година Германија извезла  возила со мотори од 2.500 кубици и поголеми во вредност од 1,2 милијарди долари.

Од 11 октомври увозниците на бренди со потекло од ЕУ ќе мораат да уплатат депозити во износ од 34,8 до 39 отсто од вредноста на увозот, наведуваат од кинеското министерство. Франција беше главна мета на кинеската истрага за бредни поради поддршката за воведувањето на царини за кинеските електрични автомобили. Минатата година Франција учествуваше со 99 отсто во кинескиот увоз на коњак, во вредност од 1,7 милијарди долари.

После оваа вест, акциите на „Перно Рикард“  паднале за 2,9 отсто, додека акциите на „Реми Коинтре“ паднале за пет отсто. Вредноста на компанијата „ЛВМХ“, која е сопственик на Hennessy имала пад за четри проценти.

Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...