„Лидл“ во соработка со компанијата „Кери Дајари Иреланд“ ќе лансира нова линија на млечна формула како дел од својот асортиман од приватните трговски марки.
Ова линија е дел од договорот кој е вреден два милиони евра и таа ќе се произведува во фабриката на ирскиот производител во Чарлевил во Ирска.
Од „Лидл“ наведуваат дека новата линија претставува значаен чекор во посветеноста на компанијата во давањето на решенија на родителите, посебно во моментот кога трошоците за грижата за семејството се сѐ повисоки.
Знаеме дека трошоците се значаен предизвик за многу родители кои избираат да ја вклучат формулата во исхраната на своите бебиња. Затоа „Лидл“ го разви асортиманот за млечни формули за бебиња, како би им понудил на родителите повеќе можности за избор и достапност на млекото по пристапни цени, изјави Кевин Дафи, комерцијален директор на „Лидл“ во Ирска и Северна Ирска.
„Кери Дајари Иреланд“ е стратешки партнер и добавувач во „Лидл“ веќе 20 години и горди сме што продолжуваме да го развиваме ова партнерство. Нашата иновација во создавањето на здрави, вкусни и одржливи решенија е во согласност со мисијата на „Лидл“ да понуди висококвалитени производи по пристапни цени, изјави Тим Гаулт, комерцијален директор на „Кери Дајари Иреланд“.
Извор: FoodBev
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.