Федералната служба за контрола на пазарот на алкохол и тутун соопшти дека продажбата на алкохолни пијалоци во Русија (без пиво и сајдер) во првите осум месеци е зголемена за 2,4 отсто во споредба со истиот период во 2023 година, на 14,9 милиони хектолитри.
Продажбата на алкохол со јачина поголема од 9% во овој период е зголемена за 4,8%, на 7,8 милиони хектолитри.
Значителен пораст е забележан кај продажбата на шампањ (за 11,6%, на 1,3 милиони хектолитри), ликери (за 11,5%, на 87,4 илјади хектолитри) и коњак (за 5,5%, на 0,9 милиони хектолитри).
Во овој период, продажбата на вотка е зголемена за 0,9% и изнесува 4,9 милиони хектолитри. Продажбата на вино од грозје е зголемена за 1,4% на 3,7 милиони хектолитри.
Истовремено, продажбата на производи со ниска содржина на алкохол е намалена за 6,9%, на 1,06 милиони хектолитри, пијалоци од грозје со етил алкохол за 6,9%, на 0,1 милиони хектолитри, пијалоци од грозје без етил алкохол за 32,4%, на 41,2 илјади хектолитри и овошни алкохолни производи за 11,7%, на 0,7 милиони хектолитри.
Извор: InStore.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.