Управата за храна „Конаб“ соопшти дека производството на говедско месо во Бразил годинава ќе достигне рекордно ниво, благодарејќи на извозот и стабилноста на домашната потрошувачка.
Најголемиот светски извозник ќе произведе годинава на 10 милиони метрички тони говедско месо, што е за 7,5 отсто повеќе отколку минатата година, што е и најмногу во историјата, соопштуваат од „Конаб“.
Според „Конаб“ во 2025 година, сепак, производството треба да се намали за 4,3 проценти, на 9,78 милиони метрички тони, поради промената на циклусот во понудата на добиток.
Извозот на говедско месо ќе забележи ист процентуален раст и во следната година и ќе достигне 3,66 милиони тони.
Во 2025 година, бразилското производство на пилешко месо ќе се зголеми за нешто повеќе од два отсто, на рекордни 15,5 милиони тони, а извозот веројатно ќе се зголеми за речиси истиот процент, на 5,2 милиони тони, проценува „Конаб“.
Бразил е, исто така, најголемиот светски извозник на пилешко и, според Администрацијата за храна, треба да има огромна конкурентска предност во однос на земјите кои имаат регистрирано инфекции од птичји грип.
Извор: SEEbiz
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.