Свет

Сушата во Бразил предизвика пораст на цената на кафето арабика

20 Sep 2024

Поради сушите во Бразил, цената на најпопуларното кафе, арабика, на берзата во Њујорк пораснала за 3,3%.

Ова е најголемо берзанско зголемување на цената на кафето арабика во последните 13 години.

Во Бразил привршува жетвата за сезоната 2024 – 2025 и се очекува дека производството ќе биде намалено поради исклучително топлото време кое влијае врз родот на арабиката. Вниманието на трговците со кафе сега е насочено кон следната сезона која не ветува многу оптимизам.

Во текот на 2024 година, арабиката поскапела за 40%, што најверојатно ќе одрази и на растот на цената на кафето во малопродажбата.

Аналитичарката Џуди Гејнс истакнува дека цената на суровото кафе во светот во моментов е на историски највисокото ниво поради проблематичната ситација со посевите и потрешените залихи, додека британскиот трговец со кафе Пол Амстронг, очекува дека љубителите на кафе во Британија можат да се соочат со ситуацијата една шолја на кафе да чини над пет фунти.

 

 

Извор: eKapija

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...