Свет

Германија: Пораст на продажбата на готовата храна од маркетите

16 Sep 2024

Студијата на Институтот „Ехи“ покажала дека поскапувањето и економската неизвесност влијаеле на навиките кај повеќето германски потрошувачи поради што во последно време маркетите бележат пораст на профитот од продажбата на готовите јадења.

Потрошувачите се обидуваат да ги намалат трошоците и избираат поевтини алтернативи. Трговската гастрономија нуди добри производи по многу пониски цени од класичното угостителство, изјави Олаф Хофман, автор на студијата.

Трговската гастрономија ја сочинуваат производите како што се готовите јадења и пијалаците кои се нудат во пекарниците, одделите со топла храна, како и во рестораните и кафулињата во трговските центри, бензиските пумпи и салоните за мебел.

 Овој вид на гастрономија минатата година забележал рекорден промет од 11,7 милијарди евра што е за 16 отсто повеќе отколку во 2022 година.

 Профитот е резултат од сменетите прехранбени навики. Ужината помеѓу оброците станува сѐ поважна. Повеќе не постојат само класични облици, како што е појадокот, ручекот и вечерата. Луѓето сега јадат кога ќе огладнат, изјави Хофман.

Потрошувачите во супермаркетите главно ги бираат класичните јадења, како што се сендвичите, шницилите и другите јадења од месо. Најпродавани се традиционалните јадења и пиците, а најмногу се купуваат освежителните пијалаци, кафе и вода.

Извор: „Дпа“

Фото: Pexels

Извор: Dpa.

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 

Се вчитува следна вест...