Свет

Обединето Кралство: „Бритвик“ инвестира во надградба на својот дистрибутивен центар

26 Aug 2024

„Бритвик“ најави отворање на надоградениот дистрибутивен центар во Лутернворт, како дел од инвестицијата вредна 25 милиони фунти.

Оваа инвестиција резултираше подобрување на објектот и на техниката која е потребна за функционирање на складиштето и логистичките операции, соопштуваат од компанијата.

 Како резултат на инвестицијата дистрибутивниот центар има 17 нови автоматизирани дигалки, 18 траки за товарење на камиони и 20 автоматизирани колички за транспорт на палети со капацитет од 600 палети на час.

Овој најсовремен објект ни овозможува да продолжиме да им нудиме од широката палета на „Бритвик“ на нашите купувачи, додека на нашите вработени им овозможуваме динамично работно искуство кое ја поддржува нивната работа, изјави Најџел Паин, директор на синџирот за снабдување на „Бритвик“.

 Дистрибутивниот центар како дел од инвестицијата доби и нови уреди и десет полначи за електрични возила.

 

 

Извор: InStore.hr

Фото: „Бритвик“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...