Компанијата „Таргет“ соопшти дека во вториот квартал бележи пораст на вредноста на акциите од 2,67 долари, споредено со претходната година кога вредноста изнесувала 1,80 долари.
Во вториот квартал пораст бележи и продажбата за 2,0%, додека вкупните приходи за овој период пораснале за 2,7% на годишно ниво и изнесуваат 25,5 милијарди долари.
Оперативниот приход на компанијата во вториот квартал достигнал до 1,6 милијарди долари што е 36,6 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година.
Важно е ни е што нашиот раст во вториот квартал во целост е воден од прометот во продавниците, во нашите дигитални канали и со двоцифрен раст на нашите услоги за испорака. Исто така, го забележуваме трендот на подобрување во нашите дискрециони категории, пред се кај облеката и гледаме континуиран пораст на популарноста на производите за убавина. Гледајќи напред, се фокусираме на продолжување на овој позитивен замав со спроведување на нашата стратегија и давањето на уникатни комбинации на новитети и вредности кои што потрошувачите можат да ги пронајдат само во „Таргет“, изјави Брајан Корнел, претседател и извршен директор на компанијата „Таргет“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Таргет“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.