Свет

Обединето Кралство: „Морисонс“ ги намалува самоуслужните каси

21 Aug 2024

Компанијата „Морисонс“ е уште една од британските компании кои ја менуваат политиката на работењето со самоуслужните каси, откако извршиле анализа во своите продажни објекти.

Британските медиуми пренесуваат дека  од компанијата донеле одлука да го намалат бројот на самоуслужните каси откако  утврдиле дека ги имаат инсталирано во многу голем број.

Извршниот директор на „Морисонс“, Рами Батије, изјави дека ја „преиспитуваат рамнотежата меѓу самоуслужните каси и касите со касиери“.

 Оваа информација доаѓа набргу откако „Асда“објави дека инвестира во персонал наместо во каси за самопослужување. Како што потсетуваат медиумите, трговскиот синџир „Бутс“ минатата година објави дека се откажува од оваа технологија.

Батије, исто така, додаде дека мисли дека порастот на касите за самопослужување придонел за порастот на кражбите во продавници.

„Телеграф“, известува дека неколку од поголемите капацитети на трговецот на мало додале повеќе каси за самопослужување во последниве години во обид да ги намалат трошоците и да ја подобрат ефикасноста. Сепак, се покажа како контроверзен потег за многу клиенти, кои рекоа дека претпочитаат „некој друг да ги скенира нивните производи“.

Како што наведува Батије, тие го анализирале целото работење и се покажало дека е неопходно  во 20 продавници да се создаде рамнотежа помеѓу самопослужувањето и традиционалните каси.

 

Извор: InStore.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...