Свет

Австрија: Апликацијата на „Шпар“ ја користат 2,5 милиони купувачи

16 Aug 2024

Апликацијата на „Шпар“ - Австрија, која беше лансирана пред само една година, ги воодушеви купувачите со својот иновативен пристап и одличната понуда.

Оваа апликација која е фокусирана на штедење е идеална за 2,5 милиони корисници кои ја користат.

Корисниците на апликацијата се среќни што во неа можат да најдат многу информации и многу други дигитални начини за заштеда.

За само дванаесет месеци, повеќе од 2,5 милиони луѓе веќе ја избраа и ја преземаа нашата апликација. Ова докажува дека имаме правилен пристап, штедиме без да бараме податоци,  Маркус Касер,  член  на управата на „Шпар“ – Австрија.

Благодарение на можноста за дигитално фактурирање во апликацијата, заедно со нашите клиенти заштедивме и околу 5.400 километри фактурна хартија. Тоа е приближно исто растојание како права линија од Лондон до Њујорк, додаде тој.

Корисниците на апликацијата добиваат атрактивни понуди и интересни награди на денот на нивниот роденден. Апликацијата беше лансирана во 2023 година и е многу ефикасна во однос на податоците: купивачите мора да се согласат со условите за користење за да ја користат. Тие не треба да даваат лични податоци како име, адреса или датум на раѓање. Покрај податоците, дигиталната сметка заштедува и хартија. Корисниците повеќе не добиваат извод, туку имаат точен преглед на нивните заштеди директно во самата апликација, која е достапна за бесплатно преземање од„Ап стор“  и „Гугл плеј стор

Извор:„Шпар“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...