Руските власти го одбија договорот на компаниите „Аб Инбев“ и „Анадолу Ефес“, според кој водечкиот производител на пиво го продаде својот удел како дел од заедничката партнерска инвестиција во Русија.
„Аб Инбев“ која е најголема светска пиварница според обемот, во април 2022 година соопшти дека ќе продаде свој удел на „Анадолу Ефес“ за да излезе од Русија после започнувањето на војната во Украина. Договорот помеѓу двете компании требаше да биде добие одбрение од регулаторите и властите.
Компаниите во посебни соопштенија информираа дека нивниот договор не бил одобрен и дека работата во Русија ќе продолжи под раководство на менаџментот на „Анадолу Ефес“.
„Аб Инбев“ веќе ја прекина продажбата на својот бренд Bud, а компанијата се откажа од сите финансиски бенефиции од заедничкото инвестирање.
Заедничкото инвестирање на „АБ Инбев“ и „Анадолу Ефес“ започна во 2018 година. Тоа го опфаќа инвестирањето во Русија во која има 11 пиварници како и во Украина каде што пиво произведуваат три пиварници.
Конкурентската пиварница „Карлсберг“ пред една година договори продажба на својата подружница во Русија со неименувам купувач, но и оваа одлука беше одбиена од руските власти а имотот на пиварницата беше конфискуван.
Извор: esmmagazine
Фото: „Аб Инбев“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.