Свет

САД: „Монделез интернешнл“ оствари приходи од над 8 милијарди долари

01 Aug 2024

„Монделез интернешнл“ за вториот квартал пријави дека оствариле нето приход од 8,34 милијарди долари, што е под очекувањата на аналитичарите од 8,45 милијарди долари.

Компанијата заработи 86 центи по акција, што е над проценките кои беа 79 центи по акција.

 Како последица на големите трошоци за транспорт, инвестиции и промоции, профитната маржа на компанијата во овој период имала пад за 590 базни поени на 33,5%.

Продолжуваме да го спроведуваме нашиот стратешки план за пораст во второто тромесечје со силна профитабилност и создавање на атрактивни финансиски текови, изјави Дирк Ван Де Пут, главен извршен директор на компанијата „Монделез интернешнл“.

Во 2024 година компанијата очекува пораст на нето приходите да се движат во распон од 3 – 5 %.

За втората половина од годината сме добро позиционирани. Нашите тимови остануваат фокусирани на имплементацијата на нашата долгорочна агенда за раст, а истовремено остануваме агилни во оваа динамично оперативно опкружување, истакна Ван Де Пут.

Во првиот квартал компанијата пријави пораст на нето приходите од 1,4% или 9,29 милијарди долари, што е над очекувањата на аналитичарите.

 

Извор: ESM magazine

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...