Свет

Франција: Промени во врвот на „Лидл“

29 Jul 2024

Компанијата „Лидл“ соопшти дека од 1.август актуелниот извршен директор на „Лилд“ за Ирска и Северна Ирска, Џон Пол Скели, ќе ја презема функцијата на извршен директор на „Лидл“ – Франција.

Пред да биде извршен директор на компанијата во Ирска, Скели бил оперативен директор на „Лидл“ во Франција.  На новата позиција тој ќе биде одговорен за над 1.600 продавници со 46.000 вработени, а моментално компанијата ја спроведува својата стратегија за проширување.

Додека размислувам за годините кои ги поминав како главен извршен директор во „Лидл“ – Ирска и Северна Ирска, исклучително сум горд на порастот во работата во тој период. Пазарниот удел го зголемивме повеќе од двојно, а од неодамна сме прогласени и за најугледен трговец на мало во Ирска и најодржлив трговски синџир во Северна Ирска, што е потврда за работата на нашиот тим во последните години. Горд сум што зад себе оставам тим од 7.000 талентирани колеги, изјави Скели.

На неговата позиција во Ирска и Северна  Ирска, ќе дојде Роберт Рајан, кој мометално ја извршува функцијата главен директор за потрошувачи.

 

 

Извор: INB2B Media

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...