Свет

Финска: „Кеско“ бележи пад на продажбата

25 Jul 2024

Финската компанија „Кеско“ објави дека во првата половина од годинава бележи пад на продажбата од 1,3% или на 5,9 милијарди евра.

Оперативниот профит во овој период имал пад од 328,9 милиони евра од претходната година на 256,4 милиони евра, соопштуваат од компанијата.

Кога се работи за вториот квартал, нето продажбата на ниво на групација изнесувала 3,1 милијарди евра, што е пад од 0,4% на годишно ниво.

Споредбено, оперативниот профит за кварталот изнесувал 178,3 милиони евра во однос на 207,6 милиони евра кои биле остварени во за истиот период во минатата година.

Учинокот во вториот кваратал е согласно со очекувања, а „Кеско“ повторно успеа да оствари добар учинок на предизвикувачкиот пазар, изјави Јорма Раухала, претседател и генерален директор на „Кеско“.

Во однос на тоа, компанијата ги намали насоките за годинава очекувајќи оперативен профит помеѓу 620 до 680 милиони евра.

Неизвесностите кои влијаат на овие насоки на компанијата се инфлацијата, каматните стапки, геополитичката криза и тензиите, додаваат од компанијата.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Кеско“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...