„Х5 груп“ која што управува со тргoвските синџири „Пјатерошка“, „Перкресток“ и „Чизик“, пријави дека во вториот квартал од годинава оствариле пораст на нето приходите од 25,1%.
Од компанијата посебно ги истакнуваат остварените приходи од продажбата преку интернет кои имале пораст од 73,6% или 46,9 милијарди рубљи, кои сочинуваат 4,9% од вкупниот нето приход.
Приходитте на трговскиот синџир „Чизик“ во вториот квартал имале пораст за 113,6% или 56,8 милијарди рубљи во однос на истиот период од претходната година, додека приходите на „Пјатерошка“ приходите пораснале за 22,7% или 756,8 милијарди рубљи.
„Перекресток“ остварил раст на приходите од 18,6% во однос на претходната година достигнувајќи 119,1 милијарди рубљи.
Продажбата на ниво на групацијата во првите шест месеци, како и во вториот квартал бележи пораст од 14,9%, а за овој период компанијата отворила 582 нови продавници.
Извор: retail.ru
Фото: „Х5 група“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.