„Перно Рикар“ ги најави плановите за продажба на поголем дел од своето портфолио на вино на „Аколаде вајнс“ која е во сопственост на групацијата „Карлајл“.
Производителот на жестоки пијалаци има намера да ги продаде своите вински брендови од Австралија, Нов Зеланд и Шпанија, вклучувајчи ги и добро познатите брендови како што се Jacobs Creek, Stoneleigh и Campo Viejo.
Компанијата и понатаму ќе ги поседува брендовите на шампањ како што се Mumm, како и одредени вински брендови во Франција, Аргентина и Кина.
Сѐ уште не откриена вредноста на овој договор за кој се чека да биде одобрен од регулаторните комисии.
Од компанијата објаснуваат дека со тоа дополнително ќе го засилат своето портфолио на жестоки пијалаци како што се водката Absolut и коњакот Martell. Покрај тоа, договорот ќе и овозможи на компанијата да ги насочи своите ресурси на брендовите кои ќе го зголемат растот.
Минатата година продажбата на вино на „Перно Рикар“ сочинувала само 4%, што е пад од 2% во однос на претходната година.
Извор: Seebiz
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.