„Асда“ соопшти дека ги укинува станиците за полнење на производи кои се наоѓаат во четири нејзини продавници, а како причина ги наведе предизвиците со кои се соочува во управувањето со ваквата иницијатива.
Од компанијата додаваат дека сакаат да ги истражат новите можности за дополнување на основа на досегашните сознанија, со цел да се обезбеди подобра оперативност и одржливост на иницијативата.
Оваа информација компанијата ја сподели во рамките на четвртиот извештај „Брајтер ливинг репорт“, во кој се следат напорите на трговците во постигнувањето на ЕСГ целите.
Извештајот покажал дека цените, погодностите и чистиот квалитет на производите се клучни пречки кои ги спречуваат купувачите да пробаат да ги користат станиците за дополнување.
За потсетување, компанијата ја пушти во употреба првата станица за полнење во 2020 година во рамките на својата продавница во Лидс, по во 2021 година што следуваше отворање на овие станици во три дополнителни продавници (Ториглен, Јорк, Милтон Кејнс).
Секоја продавница имаше 15 станици за полнење, нудејќи им на потрошувачите повеќе од 30 производи во овој формат, вклучувајќи житарки, овес, чај и кафе, ориз, тестенини, како и непрехранбени производи како шампон, сапун за раце и детергент за перење.
Извор: ESM magazine
Фото: „Асда“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.