„Лидл“ – Португалија инвестира над 11 милиони евра во отворање на две нови продавници како дел од стратегијата за ширењето на продажната мрежа.
Првата од двете продавници е отворена во Синтра – Мем Мартинс, таа е на површинаод 1.300 метри квадратни и во неа се вработени 36 лица. Втората продавница се наоѓа во градот Виера де Леириа, таа е на иста површина како и првата продавница и во неа се вработени 29 лица. Инвестициајата во оваа продавница е 6 милиони евра.
Продавниците имаат пекарски одел, одел за деликатеси и машини за сечење на леб и за цедење на сок.
Покрај тоа, продавниците се опремени со ЛЕД осветлување и соларни панели, а на паркиног за потрошувачите се обезбедени и електрични полначи за возила.
Извор: ESM magazine
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.