Свет

Рекорден пораст на цените на кафето

10 Jul 2024

Според податоците на Меѓународната организација за кафе, светските цени на кафето го достигнаа највисокото ниво во последните 13 години, откако во јуни беше забележан пораст од 8,9 отсто во однос на претходниот месец.

Актуелното зголемување на цените помеѓу другото е поврзано со моменталната лоша ситуација со жетвата во Виетнам и Индонезија, како и намалениот принос од жетвата во Бразил.

Порастот на цените  на различни начини влијаел и на земјите кои се производители на кафе. Кај колумбиското слатко кафе цената пораснала за 7,2 отсто во однос на преходниот месец, додека кај другите слатки кафиња цената имала пораст за 7 отсто. Кај бразилското кафе во јуни бил забележан пораст на цената за 9,3 отсто.

Но и покрај порастот на цените, светскиот извоз на кафе во зрно во мај изнесувал 10,7 милиони вреќи од по 60 кг., што е зголемување за 12 отсто во однос на истиот месец од минатата година.

Според регионите извозот од Јужна Америка во мај бил зголемен за 59,6%, извозот од Азија и Океанија бил намален за 39,3 отсто, додека извозот од Африка бил зголемен за 44,8 отсто.

Пораст на извозот  за 0,2 % е забележан и во Мекскико  и Централна Америка

 

 

 

Извор: ESM magazine

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...