Свет

Русија: „Лента“ лансира сопствени брендови на виски и рум

05 Jul 2024

Руската компанија „Лента“ ќе започне со производство на сопствени брендови на рум, виски и бренди, пренесува „Комерсант“.

Компанијата поднела барање до Федералната служба за интелектуална сопственост за создавање на брендовите Sea Legend Rum, Harebridge и Beagle’s Blend.

Од неодамна компанијата соошти дека лансира нова формат на продавници под името „Вингараж“ кои ќе бидат фокусирани на продажбата на алкохол. Досега се отворени две вакви продавници, а до крајот на годината се најавува отворање на уште седум.

Директорот за приватни трговски марки во „Лента“, Александер Котлјаров, изјави дека новите брендови од алкохолот ќе се продаваат во продавниците „Вингараж“ и во хипер и супермаркетите на „Лента“.

 Компанијата веќе лансира на пазарот приватни трговски марки на вотка, пиво и шампањ, а сопствените брендови сочинуваат 10% од вкупниот алкохол кој го  продаваат преку сопствениот трговски синџир.

 

Извор: Shoppers.media

Foto: Lenta



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...