Свет

Германија: Зголемување на бројот на кражби во продавниците

04 Jul 2024

Трговците на мало во Германија имаат сè поголем проблем со крадците – Институтот за истражување на пазарот (EHI) проценува во новото истражување дека крадците минатата година украле стока вредна 2,8 милијарди евра од продавниците на мало.

Направената штета е за 15 отсто повеќе во споредба со минатата година, а на мета на крадците најчесто биле продавниците за храна, облека и аптеките.

Водечкиот автор на студијата, Франк Хорст, дел од честите кражби по продавниците ги припишува на финансиските проблеми  и кризата, но и на недостигот на работна сила во малопродажниот сектор.

 Многу од продавниците денеска немаат доволно персонал, а тоа им олеснува на крадците. Со самото присуство на вработените е обесхрабрување за крадците, изјави Хорст.

Највеќе се краделе жестоките пијалаци, тутунските производи, козметиката, енергетските пијалаци, храната за бебиња, кафето, а зачестила кражбата на месо, сирење и преработките од месо.

Најголем дел од сторителите се повремени крадци, но околу една четвртина се професионални крадци кои функционираат и во организирани банди.

Поради кражбите во малопродажниот сектор државата има загуба од околу 560 милио евра даночни приходи.

 

 

Извор: dpa

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...