Свет

Велика Британија: „Сеинсберис“ инвестира во нова технологија на фармите за млеко

02 Jul 2024

„Сеинсберис“ е првата трговска компанија во светот која инвестира во нова ВИ  технологија во ветеринарството која што ќе се користи за мерење и подобрување на состојбата на животните на фармите за производство на млеко.

Технологијата за која од компанијата соопштуваат дека ќе направи револуција во грижата за добитокот ќе биде тестирана во партнерство со „Вет вижн ВИ“, која е нова „спин аут“ компанија од Универзитетот во Нотингем.

Оваа технологија е дизајнирана да евидентира кога кравите се здрави и го забележува нивното однесување, а ваквиот начин на следење ќе може да се врши преку преносливи камери кои ќе може да ги користат ветаринарите на повеќе фарми.

 Вештачката интелигенција работи со препознавање на модели во однесувањето, анализирање и претворање на видео снимките во точни податоци во реално време, а исто така им нуди на фармерите предлози за начини за дополнително подобрување на животот на животните.

Преку ваквото следење ќе може да се подобруваат условите за одгледување и да им се овозможи подобра удобност на животните во фармите.

Од „Сеинсберис“ соопштуваат дека постојаното следење ќе овозможи подобро да бидат информирани при донесувањето на одлуките, бидејќи фармерите ќе имаат информации за состојбата на добитокот кои не би можеле да се добијат од стандардните ветеринарски посети.

Извор: Grocery gazzete

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...