Свет

Франција: Пад на извозот на коњак

02 Jul 2024

Според  ФФС  извозот на алкохолни пијалаци од Франција минатата година забележал пад во извезената количина за 13% и 12% вредносен пад на 4,8 милијарди евра.

Извозот во САД во тој период имал пад за 36% во вредност и 35% во количина.

Францускиот коњак кој сочинува 70% од вкупниот извоз на алкохолни пијалаци од земјата минатата година имал пад за 21%, при што во Кина биле извезени 19,4%.

Последиците од инфлацијата го отстапија местото на трговските судири чие што решавање е приоритетно, соопштуваат од ФФС.

Побарувачката за алкохол има силен пад и во Франција, каде што во последните 60 години има пад за 60%.

Минатата година продажбата на алкохол во супермаркетите имала пад за 4,3% во однос на една година претходно, додека во однос на 2020 година, забележан е пад од 10 отсто.

Некои од пијалаците кои се користат во коктели, како што е џинот, биле поштедени од силниот пад, при што продажбата на џин има пад за 6,4%, а продажбата на рум за 3,8%.

 

Извор: INB2B Media

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...