Свет

САД: Опаѓа расположението на купувачите

27 Jun 2024

Индексот на довербата на потрошувачите во американската економија во јуни падна на 100,4 поени од 101,3 поени кои беа измерени во мај, соопшти Конференцискиот одбор на Њујорк. Падот на индексот е во согласност со очекувањата на аналитичарите од Волстрит.

Довербата малку се намали во јуни, но остана на нивото на кое беше во изминатите две години, бидејќи потрошувачите остануваат сигурни за пазарот на труд, а истовремено се грижат малку повеќе за тоа што ќе го донесе иднината, изјави Дана Петерсон, главен економист на Конференцискиот одбор , пренесува „Сибиз“.

Таа предупреди дека индексот би можел да паѓа доколку се влоши состојбата на пазарот на труд.

Индексот на доверба во тековните економски услови се зголеми од 140,8 во мај на 141,5 поени во јуни, додека индексот на очекувањата за следните шест месеци падна од 74,9 на 73 поени.

Министерството за трговија неодамна објави дека продажбата во малопродажниот сектор во САД пораснала за само 0,1 отсто во мај, помалку од очекувањата на економистите кои очекувале пораст од  0,3 отсто.

 

Извор: Biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...