Свет

ФАО: Цените на храната во светот бележат пораст

10 Jun 2024

Светските цени на храната во мај пораснаа на највисоко ниво во последните шест месеци, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Порастот на цените на житарките и млечните производи повеќе го компензира падот на цените на шеќерот и растителните масла, додека индексот на цените на месото е речиси непроменет во однос на април.

Индексот на ФАО на цените за основните прехранбени производи во мај пораснал за 0,9 отсто во однос на ревидираната вредност во април и во просек изнесувал 120,4 бодови.

Во однос на истиот месец лани, цените во мај биле пониски за 3,4 отсто, пренесува „Мина“.

Новите податоци покажуваат дека цените во април стагнирале, откако во март на месечно ниво имале пораст за прв пат од септември минатата година.

Најголемо поскапување во мај имало кај житариците, за 63 отсто во однос на април, што се одразува за скокот на цените кај пченицата под влијание на стравовите дека неповолните услови можат да му наштетат на родот во САД, Европа и регионот на Црното море.

Поскапување има и кај пченката, поради појава на болест во Аргенита и неповлоните временски услови во Бразил.

Во мај значајно поскапување има и кај цените на млекото и млечните прозводи за 1,8 отсто во однос на април, што се одразува на засилената побарувачка во малопродажбата и во услужниот сектор во пресрет на летните празици и се проценува дека производстово во Западна Европа може да биде послабо во однос на претходните години.

 

Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...