Свет

Бразил: „Унилевер“ инвестира во развојот на производните капацитети

10 Jun 2024

Брендот за сосови на „Унилевер“, Hellmann's, инвестира 14,7 милиони евра во својата фабрика во Порто Алегре во Бразил.

Овие средства ќе бидат искористени за унапредување на работата и задоволување на растечката побарувачка на производите во пакувањата „сквиз“, а од компанијата соопштуваат дека побарувачката на мајонезот во ова пакување минатата година пораснала за 30%.

Секој месец добиваме се поголем удел на пазарот и потребни ни се поголеми капацитети. Оваа инвестиција ќе ни овозможи да ја оптимизираме нашата работа во поглед на перформансите, опремата и собирањето на податоци, изјави Едмундо Моло, директор на фабриката во Порто Алегре.

Од компанијата додаваат дека оваа инвестиција овозможи фабриката да биде висикотехнолошка, користеќи ВИ и подобрување на ефикасноста на фабриката.

 

Извор: „ФудБев“

Фото: „Унилевер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...