Свет

Франција: „Касино“ продава 90 продавници

04 Jun 2024

Француската компанија „Касино“ соопшти дека има планови дополнително да продаде 90 од своите продавници на  групацијата „Ле Мускетерс“, „Ошан рителј“  и „Карфур“.

Оваа информација доаѓа после склучувањето на спогодба со овие компаии за продажбата на вкупно 287 продавници.

Компанијата во мај продаде 121 продавница за 689 милиони евра, од кои „Ле Мускетерс“ купиле 66, „Ошан“ 32 и „Карфур“ 23 објекти.

 После оваа дополнителна продажба, преостанатите 76 продавници ќе бидат продадени на 1.јули 2024 година, соопштуваат од компанијата, а вкупната вредност на преостанатите продавници изнесува 345 милиони евра.

 Трговските синџири се обрзале дека ќе ги превземат сите договори за работа со вработени во продавниците во согласност со француските закони.

 Од компанијата истакнуваат дека во првиот квартал од годинава забележале пораст на продажбата.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Касино“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...