Свет

Германија: „Арла“ и „Монделез“ го лансираа чоколадното млеко Milka

03 Jun 2024

Компанијата „Арла фудс“ потпиша договор со компанијата „Монделез Интернешнл“ за производство и дистрибуција на новото чоколадно млеко Milka во три европски држави.

 Чоколадното млеко е произведено во млекарницата „Есбјерг“ во Данска и  овој месец ќе биде лансирано на пазарот во Германија, Австрија и Полска, во три различни пакувања и со три различни вкуса.

 Многу сум возбуден поради потпишувањето на долгорочното стратешко партнерство со „Монделез интернешнл“ и претставувањето на бараните и вкусни производи на нашите купувачи. Milka  е омилен бренд на потрошувачите и знам дека имаме производна, комерцијална и маркетиншка експертиза за да го подигнеме нивото на повисоко, изјави Патрик Хансон, директор на маркетинг во компанијата „Арла фудс“.

 Воодушевени сме што можеме да го најавиме новото чоколадно млеко Milka во партнерсто со „Арла“. Оваа соработка ни овозможува да го прошириме омилениот бренд Milka низ Европа и да ги запознаеме потрошувачите со новиот и возбудлив начин на уживање во омиленото чоколадо. Како што продолжуваме да иновираме  и да го развиваме нашето портфолио, оваа нова категорија означува пресврт во приказната за успехот на Milka, изјави Клив Џонс, претседател во „Монделез интернешнл“ за Централна Европа и ЕУ.

 

Извор: FoodBev

Фото: „Арла фудс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...