Свет

„Диа“ го напушта бразилскиот пазар

31 May 2024

 Шпанската малопродажна групација „Диа“ одличи да го напушти бразилскиот пазар за да се фокусира на попрофитабилни пазари како што се аргентинскиот и шпанскиот.

 Бразилскиот „Мам“ ќе го купи синџирот супермаркети во Бразил, соопштуваат од компанијата.

 Во март „Диа“ соопшти дека ќе затвори  300 продавници и три складишта во Бразил, после остварените негативни резултати во текот на минатата година.

Во 2023 година, групацијата забележала нето загуба од 154 милиони евра, што е двојно повеќе во однос на една година претходно, кога нето загубата во Брaзил изнесувала 72 милиони евра,

Ваквите загуби компанијата ги припиша на силната конкуренција поради што  била приморана да инвестира во промотивните активности.

Минатата година компанијата соопшти дека  за 155 милиони евра на „Ошан“ и ги продаде своите единици во Португалија, каде што управуваат со банерите „Минипреко“ и „Маиспетро“. Компанијата во Португалија поседува 489 продавници и три логистички центри.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Диа“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...