Свет

Сингапур: „Монделез“ отвори лабораторија за кекси и грицки

30 May 2024

„Монделез интернешнл“ во Сингапур ја отвори својата регионална лабораторија за кески, печени грицки, какои кујна за иновации.

 Оваа инвестиција е вредна над 5 милиони долари и со неа се нагласува посветеноста на „Монделез“ кон иновациите и развојот на производите низ југоисточна Азија, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија, соопштуваат од компанијата.

 Во „Монделез“, кога се во прашање иновациите во храната и развојот на производите, посветени сме во поместувањето на границите. Преку заедничките напори целта ни е да создадеме динамичен простор во кој креативните идеи можат да цветаат и да придонесат во развојот на новите иновативни производи за нашите производи, изјави Депак Ијер, претседател во „Монделез“ за регионот „Амеа“.

 Лабораторијата и кујната ќе служат како регионален центар, кој ќе го поттикнува креативниот развој и иновациите во категориите за кекс и грицки, соопштуваат од компанијата.

 Објектот свечено го отвори Чан Их Минг, извршен потпретседател на сингапурскиот Одбор за економски развој.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Монделез интерншнл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...