Компанијата „Келанова“ најави дека до крајот на 2026 година ќе ја затвори својата фабрика „Трафорд парк“ во Манчестер.
Во оваа фабрика секој ден се произведуваат околу милион кутии житарки, вклучувајќи ги брендовите Corn Flakes, Rice Krispies и Coco Pops.
Со затворањето на оваа фабрика ќе се укинат речиси 350 работни места.
Разбираме дека важна вест, како што е затворањето на фабрика никогаш не се лесно да се слушне и ќе се потрудиме да го олесниме овој процес за сите. Ова значи дека ќе работиме со партнерите на работи како што е поддршката за вработување за нашите вработени, како и започнување со истражување на долгорочната иднина на овој погон во корист на заедницата, рече Крис Силкок, генерален директор на компанијата.
По официјалните разговори со синдикатите и претставниците на вработените, компанијата соопшти дека е постигнат заеднички договор за исплатите на овие вработени и дека на сите колеги ќе им биде понуден трансфер.
Преку колективни консултации, компанијата и претставниците на вработените договорија значаен пакет кој го препознава придонесот на нашите вработени во фабриката во Манчестер и ги поддржува во нивните кариери, се вели во заедничкото соопштение на компанијата и синдикатот.
Од компанијата додааваат дека се надеваат дека ќе го одржат обемот на производство во Обединетото Кралство на сегашното ниво, и дека дополнителни информации за тоа ќе бидат споделени подоцна во текот на годината.
Извор: FoodBev
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.