Свет

Германија: Трговците би можеле да заработат над 3 милијарди евра за време на ЕУРО 2024

23 May 2024

 Асоцијација за малопродажба „ХДЕ“, соопшти дека се очекува претстојното Европско фудбалско првенство на германските трговци да им донесе заработувачка од над 3,8 милијарди евра.

 Според репрезентативното истражување на населението кое го спровеле „ХДЕ“ и „Апинио“, во кое биле вклучени 1.000 испитаници на возраст од 16 до 65 години, покажало дека посебна побарувачка има за храната и фан артиклите.

 Повеќе од 41% од испитаниците во текот на првенството планирале да купат грицки, пијалаци и други производи, додека 31% рекле дека би купиле производи како што се шалови и знаменца со симболите не германскиот фудбалски тим.

 Големите спортски натпревари ја стимулираат продажбата. Годинашното Европско фудбалско првенсто би можело да ја зголеми потрошувачката во одредени сектори и на одредени групи на производи, изјави Стефан Гент, генерален директор на „ХДЕ“.

 Се очекува одржувањето на првенството да влијае на продажбата на спортска опрема, производи за домашна употреба, играчки и електроника, соопштуваат од „ХДЕ“.

 Истражувањето открива дека 32% од испитаниците за време на првенството планираат да направат дополнително купување во вредност од 101 до 200 евра , околу 28% би потрошиле од 51 до 100 евра, додека  за 8% од испитаниците се очекува расходите да надминат на 500 евра.

 Развојот на продажбата е поврзан и за самиот тек на првенството. Ако репрезентацијата на Германија оди напред, тоа би значело и зголемување на расположението кај купувачите, изјави Гент.

 

 

Извор: ESM magazine

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...