Свет

Членките на ЕУ увезле мед во вредност од над 300 милиони евра

22 May 2024

Како што пренесува „Еуростат“, минатата година државите членки на ЕУ увезле 163.700 тони мед, во вредност од 359,3 милиони евра, додека извозот изнесувал 24.900 тони, односно 146 милиони евра.

 Увозот од земјите надвор од ЕУ, главно доаѓа од Кина (62.200 тони или 37% од вкупниот узвоз надвор од ЕУ), Украина (45.800 тони), Аргентина (20.400 тони), Мексико (10.700 тони) и Куба (4.700 тони).

 Најголем увозник била Германија, со увоз од 41.000 тони мед од земјите кои не се дел од ЕУ, потоа следуваат Белгија со 21.400 тони, Полска (23.000 тони), Шпанија (15.700 тони) и Франција (7.700 тони).

Минатата година, Обединетото Кралство се појавува како примарен извозен партнер со 4.300 тони мед, сочинувајќи 17% од вкупниот увезениот на мед надвор од ЕУ, потоа следуваат Саудиска Арабија, Швајцарија, САД и Јапонија.

 Шпанија го презела водството како најголем извозник, извезувајќи 7.100 тони мед во земјите кои не се членки на ЕУ, а после неа следуваат Романија, Унгарија и Грција.

 Во споредба со 2013 година, кога увозот на мед од државите кои не се дел од ЕУ, пораснал за 20%, или 136.300 на 163.700 тини, додека извозот од земјите надвор од ЕУ пораснал за 14%, од 21.700 на 24.900 тони.

 

 

Извор: „Еуростат“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...