Свет

Велика Британија: „Лидл“ достигна рекорден удел на пазарот

22 May 2024

„Лидл“ достигна нов рекорден удел на британскиот FMCG пазар, од 8,1%, благодарејќи на своите програми за лојалност  и продажбата на пекарските производи.

 Како што пренесува „Кантар“, во последните 12 недели,  лебот, колачите и пецивата   сочинувале една четвртина од корпите на поторшувачите на „Лидл“.

 Податоците на агенцијата покажуваат дека пекарата на „Лидл“ била најпопуларна помеѓу пекарниците во супермаркетите, продавајќи просечно 122 кроасани на секоја минута и по една крофна со џем на секоја секунда.

Новите податоци за пазарниот удел доаѓаат откако компанијата од неодамна ја претстави новата програма за лојакност, „Лидл плус“, во чии рамки на потрошувачите покрај неделниот попуст ина одредени производи им нуди персонализирани акции.

 Овие персонализирани акции, според податоците на „Кантар“, помогнале да се зголеми продажбата на пекарските производи во продавниците на „Лидл“ за над 40%.

 

 

 

 

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...