Свет

Германија: САД и Кина најголеми трговски партнери во првиот квартал

20 May 2024

Како што соопшти германскиот Национален завод за статистика „Дестатис“, во првиот квартал САД е најголемиот трговски партнер на Германија, а второто место место е Кина, со што продолжува трендот од втората половина на минатата година.

 Увозот од Кина паднал за 11,7 отсто и изнесува 36 милијарди евра, а пад имало и кај увозот од 1,1 отсто и тој изнесува 24 милијарди евра.

Вредноста на трговската размена меѓу Кина и Германија е 60 милијарди евра, додека трговската размена со САД изнесува 63,2 милијарди евра.

  Експертите не ја исклучуваат можноста годинава Кина, после осум последовални години, да се најде на второто место на листата на германските надворешно трговски партнери.

 Владината агенција на трговија и инвестиции на Германија (ГТАИ), во својата најнова студија овој пресврт го припишува на моменталната слабост на кинеската економија.

 За тоа придонесе кризата на пазарот со недвижности, геополитичките ризици и слабите индустриски инвестиции, се наведува во студијата.

 Извор: „Дпа“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...