Компанијата „Алибаба“ во четвртиот квартал остварила приход од 221,9 милијарди кинески јуани ( 30,7 милијарди долари), што е над очекувањата на аналитичарите.
Нето добивката изнесува 3,3 милијарди јуани, што е пад од 86% во однос на претходната година, што резултира со пад на акциите за околу 5% во САД.
Меѓутоа, компанијата и покрај слабите резултати во четвртиот квартал забележува и знаци на „благо закрепнување“ во својата онлајн трговија. Приходот од секторите „Таобао“ и „Тмал“ во овој период имал пораст за 4% на годишно ниво или 93,3 милијарди јуани, што е побрзо од растот во претходниот квартал.
Приходите од купувачите, кои ја сочинуваат продажбата остварена преку услугите како што е маркетингот, на годишно ниво бележат пораст од 5%.
Меѓународното деловно работење на „Алибаба“ остварува зголемување на приходите од 45% на годишно ниво и изнесува 27,4 милијарди евра.
Минатата година после регулаторниот притисок во својата матична држава Кина, компанијата најави дека ќе направи поделба на шест делови и ќе ја разгледа можноста за собирање на иницијални понуди и излегување на берза за поголемиот дел.
Извор: Investitor.me
Фото: „Алибаба“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.