Свет

Холандија: На производите на „Алберт Хеин“ ќе се објавуваат податоци за емисијата на СО2

15 мај 2024

„Алберт Хеин“ е првата компанија од малопродажниот сектор во светот која преку производите од сопствената трговска марка транспаретно  со потрошувачите ќе го сподели нивното влијание врз климата.

За да го постигне ова, компанијата соработуваше со виенскиот стартап  „Климате тех иноко“ и со  платформа „Саас“ која е управувана од вештачка интелигенција и е насочена кон декарбонизирање на храната.

Платформата им овозможува на компаниите, брендовите и добавувачите да направат проценки и да ја намалат емисијата на штетни гасово во синџирот на снабдување. Користејќи ја оваа платформа, „Алберт Хеин“ ќе може да ги идентификува проблематичните точки и заедно со своите добавувачи да преземе ефикасни чекори во нивното намалување.

 Воведуваме нешто сосема уникатно, иновативно и едноставно, решение кое ни го открива влијанието на производите врз климата и ни дава детален увид во тоа како секој производ придонесува за климатските промени. Благодарејќи на „Иноко“ платформата, успеавме да процениме голем број на производи во релативно кратко време. Нивната методологија ни овозможува да обезбедиме се поголема количина на податоци во реално време, што е клучно за идентификација во можностите за намалување на влијанието од нашите производи, изјави Јенс Гронхеид, менаџер за одржливост во „Алберт Хеин“.

  Информациите за емисиите на СО2 потрошувачите ќе можат да ги пронајдат на пакувањата на над 125 производи.

 

 

Извор: Retail World Magazine

Фото: „Алберт Хеин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...