Свет

Полска: „Дино“ оствари раст на приходите од 20,3%

15 May 2024

Трговскиот синџир „Дино“ објави дека освари пораст на приходите  во првиот квартал од годинава за 20,3%  во однос на истиот период  од минатата година. Остварениот приход во првиот квартал изнесува   6,7 милијарди полски злоти (1,6 милијарди евра).

Свежите производи, особено овошјето и зеленчукот, лебот и свежото месо произведени од фабриката „Агро-Риџина“, во овој период учествуваат со 41 отсто од вкупниот приход на компанијата, објави компанијата.

Продажбата во продавниците на компанијата кои работат најмалку една година, во овој период пораснала за 11,9%.

 Заклучно со месец март, бројот на продавници на трговскиот синџир достигна до 2.438, односно 228 продавници повеќе во однос на истиот период од претходната година.

Секојдневно се фокусираме на понудата во продавниците на „Дино“ да ги задоволи потребите на потрошувачите на пригоден и сеопфатен начин. Во исто време големо внимание посветуваме на тоа да нудиме производи по атрактивни цени. Резултатот од овие напори е силен пораст на продажбата и зголемен број на посети, што нѐ мотивира да продолжиме да ја разиваме нашата мрежа, изјави Микал Краузе, член на управниот одбор на „Дино“-Полска.

Минатата година компанијата оствари приход од 25,7 милијарди полски злоти или 5,9 милијарди евра, што е пораст за 29,6% во споредба со претходната година.

 

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Дино“ - Полска

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...