Свет

Индија: „Пепсико“ ќе гради нова фабрика

11 Apr 2024

„Пепсико“ најави инвестиција од 151,7 милиони долари во изградба на нова фабрика за развој на вкусови во Индија.

 Од компанијата соопштуваат дека во новиот погон ќе бидат имплементирани нови технологии за да се осигура ефикасна и одржлива употреба на вода, покрај тоа, објектот целосно има енергија од обновнили извори на енергија, со што компанијата ќе го намали својот јаглероден отпечаток за 1,9 метрички тони дневно.

 Нашата цел е да го засилиме своето присуство и истовремено да ја оствариме значителен напредок во подобрување на социо – економскиот пејсаж во регионот. Засилувајќи ја визијата „Мејк ин Индија“, новата фабрика ќе се залага за одржливост, ускладувајќи ја нашата филозофија „Вининг вит пеп+“, создавајќи позитивен синџир на вредности, изјави Јагрут Котека, извршен директор на компанијата „Пепсико“ за Индија и Јужна Азија.

 Фабриката ќе се протега на површина од 22 хектари и е втор по ред објект на компанијата во Индија која е фокусирана на развој на новите вкусови посебно дизајнирани за индискиот пазар.

 Возбудени сме што можеме да ја најавиме изградбата на нашата втора фабрика во Индија за развој на вкусовите, што е значаен доказ за некополебливата посветеност на компанијата „Пепсико“ во регионот. Целта е да се посветиме во производството на нашите пијалаци за да ја задоволиме растечката побарувачка во земјата. Оваа стратешка инвестиција не само што ја засилува нашата посветеност во понудата на најквалитетни пијалаци на нашите потрошувачи, туку ја засилува и нашата одговорност да водиме одржлива пракса во нашата работа, изјави Џорџ Ковор, виш претседател за пијалаци во „Пеписко“ – Индија.

 Се очекува фабриката да почне со работа во првиот квартал во 2026 година.

 

 

Извор: FoodBev

Фото: „Пепсико“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...