Според два извештаи кои беа објавени во понеделникот, во моментов американскиот производен сектор е во најдобра состојба споредено со 2022 година.
Институтот за управување со набавки (ИСМ) соопшти дека производството во март започнало да бележи пораст за прв пат од септември 2022 година.
„С&П глобал“ објави дека производството во март го достигнало највисокото ниво во последните 22 месеци, што е уште еден показател за силниот економски раст во САД, пренесува „Сибиз“.
Според индексот на ИСМ, индекс на менаџерите за набавка (пми) бил 50,3 поени во март, што е пораст во однос на февруари кога бил 47,8 поени. Оваа вредност е над очекувањата на економистите, кои предвидувале 48,4 поени.
Главниот економист во „С&П глобал маркет интелиџнес“, Крис Вилијамсон, изјавил дека овој извештај покажува дека и понатаму се подобруваат работните услови во март што укажува на тоа дека американската економија во првиот квартал многу брзо се опоравува.
Извор: biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.