Свет

Австралија: Бисквитот Tim Tam за прв пат се лансира на пазарот во Обединетото Кралство

01 Apr 2024

Познатиот австралиски чоколаден бисквит Tim Tam, за прв пат ќе биде лансиран на пазарот во Обединетото кралство, откако стана дел од каталозите на „Веитрос“ и „Окадо“.

Овој бренд кој за прв пат бил лансиран во 1964 година од страна на компанијата „Арнотс“,  во продавниците во Обединетото кралство ќе се појави во три варијанти: Tim Tam original, Tim Tam dark и Tim Tam chewy caramel.

Tim Tam омилениот чоколаден бисквит во Австралија, но знаеме и колку е сакан овој вкусен бисквит и низ целиот свет, изјави Ребека Чан, менаџерка за маркетинг  во „Арнотс“ и додаде дека  потрошувачите во Обединетото кралство отсега ќе можат да уживаат во овој бренд со посебно задоволство.

Tim Tam e омилениот чоколаден бисквит во Австралија, а компанијата „Арност“ објави дека годишно продава околу 30 милиони пакувања од овој бренд.

Извор: Grocery gazette

Фото: Принтскрин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...