Свет

Велика Британија: „Нестле“ прекинува со производство на Breakaway

12 фев 2024

 „Нестле“ го прекинува производството на чоколадниот бисквит Breakaway, за да отвори пат за инвестиции и иновации во своето пошироко портфолио на производи.

Чоколадниот бисквит кој се произведувал 54 години, ќе прекине да се произведува од март, но додека има залихи тој во следните два месеци тој ќе биде достапен во „Сеинсберис“.

Видовме пад на продажбата на Breakaway во изминатите неколку години и за жал, моравме да донесеме тешка одлука да го прекинеме производството. Знаеме дека фановите ќе бидат разочарани  но време е да се збогуваме со Breakaway, изјавил порпаролот на компанијата за Велика Британија и Ирска.

Овој производ бил лансиран во 1970 година од „Ровтри Мекинтош“, пред да биде преземен од „Нестле“ во 1988 година.

Покрај тоа, компанијата најави дека ќе прекине да ги произведува и баровите Yorkie Biscuit, за што порпаролот најавил дека купувачите годинава ќе ги очекуваат нови возбудливи производи.

 Минатиот ноември, компанијата после 60 години одлучи да прекине со производството на Animal Bars и Caramac

 Извор/Фото: grocerygazette.co.uk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...