Свет

Русија: Пораст на приходите на „Лента“ од 14,5%

09 Feb 2024

Приходите на руската компанија „Лента“ минатата година пораснале за 14,5%, односно 615, 528 милијарди рубљи.

Минатата година малопродажбата на компанијата пораснала за 14% отсто, или 604, 66 милијарди рубљи, соопштиле од компанијата.

 Продажбата во хипермаркетите пораснала за 6%, односно 457,841 милијарди рубљи, додека продажбата во супермаркетите имала пад од 5,1% или 67,879 милијарди рубљи.

 Продажбата преку интернет пораснала за 31,8% во однос на претходната година на 53,2 милијарди рубљи, додека во четвртиот квартал пораснала за 58,1% или 17,7 милијарди рубљи.

На годишно ниво, во четвртиот квартал продажбата пораснала за 50,3%, или 222,7 милијарди рубљи, додека малопродажбата во овој период достигнала 219,9 милијарди рубљи.

Во четвртиот квартал вкупниот број на продавници на компанијата достигнал 2.819, додека малопродажната површина била зголемена за 30% и изнесувала 2,32 милиони квадратни метри.

 

 

 

Извор: Retail.ru

Фото: „Лента“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...