Свет

Светот има залихи на шеќер за уште 68 дена

23 Nov 2023

Во моментов светот има залихи на шеќер за 68 дена за да ги задоволи потребите. Ова е голем пад во однос на 106 дена, кога резервите почнаа да се намалуваат во 2020 година, покажуваат податоците на американското Министерство за земјоделство (USDA), кои ги пренесе „Еуроњуз“.

Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) предупредува пад на глобалното производство на шеќер од два проценти за сезоната 2023-24, во споредба со претходната година, што ќе доведе до загуба на околу 3,5 милиони тони, изјавил , Фабио Палмери, истражувач на ФАО за глобалниот земјоделски пазар.

 За падот на производството на шеќер делумно е одговорен природниот феномен Ел Нињо, кој предизвика екстремни временски услови, од суши до поплави, а научниците веруваат дека климатските промени Ел Нињо го прават посилен.

 Кога станува збор за шеќерот, нестабилноста е предизвикана од тоа што тој се повеќе се користи за биогорива како што е етанолот, па глобалните резерви на шеќер се на најниско ниво од 2009 година, пишува овој европски портал.

Сепак, прогнозите се дека жетвата во Бразил ќе биде за 20 отсто поголема од минатата година. Бидејќи земјата се наоѓа на јужната хемисфера, зголемувањето на глобалните резерви нема да се случи дури во март следната година. Земјата имаше поволни временски услови, но Бразил значително ја зголеми површината под шеќерна трска, според податоците на USDA.

Најголемата грижа за следните неколку месеци, вели Палмери е што зголемената потрошувачка на шеќер не ги оптоварува дополнително залихите на оваа храна.

Тој истакна дека Индонезија, најголемиот увозник на шеќер минатата година, го намали увозот, а Кина, вториот увозник, беше принудена да го ослободи шеќерот од своите резерви првпат по шест години за да ги компензира високите цени на домашниот пазар.

Фото: Pexels

Извор: Biznis.rs.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...