Свет

Саудиска Арабија: „Пепсико“ инвестира над 53 милиони долари

17 Nov 2023

„Пепсико“ ќе инвестира над 200 милиони саудиски риали или околу 53,3 милиони долари во својата фабрика во Дамам.

Како што соопштуваат од компанијата, оваа инвестиција има за цел да го зголеми вкупниот капацитет на објектот за да се задоволи растечката локална и извозна побарувачка за грицки.

„Пепсико“ соопшти дека овој потег бил дел од нивната цел во рамките на  „Визија за Саудиска Арабија 2023“, преку која сакаат  да го унапредат земјоделскиот сектор и да го поттикнат одржливото производство во Саудиска Арабија.

Од компанијата додаваат дека ова проширување во согласност со нивните цели за одржливост-"pep+".

Асортиманот на компанијата во Саудиска Арабија ги содржи брендовите како што се Lay's, Cheetos, Doritos, Quavers и Quaker Oats, како и локалниот бренд. Tasali. Проектот за проширување ќе заврши во 2024 година.

 

 

Фото:Pexels

Извор: FoodBev

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...