Свет

Бразил: Цените на шеќерот повторно во пораст

10 Oct 2023

Светските цени на шеќерот вчера повторно пораснаа на ниво кое се приближува до дванаесетгодишниот рекорд.

Според податоците на Лондонската меѓународна берза ICE, фјучерсите за шеќер се продаваа во понеделникот во 16 часот и 34 минути по цена од 26,8 центи за фунта (0,45 килограми) шеќер.

Цените беа на својот врв на 19 септември, кога надминаа 27,5 центи за една фунта шеќер, пишува порталот „Trading Economics“.

Трговците се загрижени за побавната преработка на шеќерна трска во Бразил, како и за тековната суша во некои индиски региони поради климатскиот феномен Ел Нињо.

Ако сушата во Индија продолжи, Владата во Њу Делхи може да го ограничи извозот на шеќер од земјата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...