Свет

Најголемиот синџир супермаркети во Израел го ограничи купувањето на вода и храна

10 Oct 2023

Најголемиот израелски синџир супермаркети „Шуферсал“ денеска објави дека воведува ограничувања за купување на основни производи, како што се вода, млеко, јајца и леб.

Купувачите во Израел ќе можат да купат до две пакувања од шест шишиња вода од 1,5 литри, пакување од 30 јајца или две кутии од 12 јајца, три единици млеко по контролирана цена и два леба по контролирана цена во „Шуферсал“ продавници, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Од одговорност кон сите потрошувачи и поради големата побарувачка, тешкотиите во понудата и делумниот недостиг на производи во продавниците, решивме да го ограничиме купувањето на основните прехранбени производи како вода, јајца, леб и млеко“, рече извршниот директор на супермаркетот „Shufersal“, Ури Ватерман.

Тој изјави дека супермаркетите континуирано работат на набавка на нови количини на стока.

Овој потег уследи откако командата на домашен фронт на Израел издаде препорака граѓаните да складираат вода, храна и друга стока најмалку три дена.

Објавата ги поттикна Израелците да купат големи количини стоки во супермаркетите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...