Свет

„Унилевер“ вложува 20 милиони долари во Полска

21 Sep 2023

„Унилевер“ ги објави своите планови за вложување на 90 милиони полски злоти (околу 20,7 милиони долари) во проширување на својот производствен погон во Познањ, Полска. 

Компанијата планира да го зголеми производството на нудли во рамки на брендовите Knorr, Good Noodles и Amino. Се очекува во објектот да се произведуваат по 600.000 единици нудли дневно. 

 Проширениот асортиман производи нема да се дистрибуира само во Полска, туку и во Холандија, Унгарија и во други европски земји. 

Инвестицијата ќе ги следи строгите еколошки стандарди за да ја оптимизира потрошувачката на струја и на вода. Нашата фабрика во Познањ е една од најголемите фабрики за производство на храна на компанијата „Унилевер“. Со помош на натамошните вложувања, ќе можеме поефикасно да одговориме на потребите на нашите купувачи и ќе продолжиме да го развиваме нашето работење, соопштија од „Унилевер“ - Полска. 

Извор: FoodBev
Фото: Unilever



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...