Свет

„Баерсдорф“ отвори ново корпоративно седиште

14 Sep 2023

Германската групација „Баерсдорф“ отвори ново корпоративно седиште во Хамбург. Кампусот е лоциран на новоименуваната улица „Баерсдорфштрасе“. 

Во изградбата на овој кампус вложивме 250 милиони евра во градот во кој пред 141 година почна нашата приказна за успехот, како пронаоѓачи на модерната нега на кожа. Кампусот им нуди на нашите вработени идеален простор за размена и развој на нови идеи во најсовремени простории - а со тоа и основа за долгорочен успех и натамошен раст, изјави Винсент Варнер, извршен директор на групацијата „Баерсдордф“. 

Објектот се протега на околу 51.000 квадратни километри и во него ќе бидат сместени околу 3.000 вработени. Има бројни „простории за соработка и комуникација“, како и „тематски соби за соработка“, распоредени на вториот кат. Постоечките згради, како што е Центарот за истражување на кожа, отворен во 2004 година, исто така се вклучени во комплексот и може да им се пристапи преку мост. 

 

Извор: esmmagazine
Фото: Beiersdorf



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...