Свет

„Марс“ го претстави божиќниот асортиман

13 Sep 2023

Прехранбениот гигант „Марс“ го претстави овогодишниот божиќен асортиман што вклучува некои од старите и некои нови производи. Меѓу производите што се враќаат оваа година се M&M Santa бонбоните. 

Од нови производи, компанијата ги претстави Maltesers Christmas Mix, Maltesers Assorted Truffles и Maltesers Reindeers.

Кондиторските производи и Божиќ се синоними и поради тоа брендовите и трговците мораат да обезбедат атрактивен и задоволувачки асортиман во кој потрошувачите ќе уживаат. Користејќи ги омилените брендови на фановите од портфолиото на „Марс“, подготвивме нови асортиман слатки за Божиќ за да ги изненадиме, но и да ги воодушевиме купувачите, соопштија од „Марс“.

Минатата година беше рекордна за компанијата кога станува збор за продажбата на божиќни производи - во декември продажбата достигна рекордни 12 милијарди фунти, што е за 9 отсто повеќе во однос на 2021 година.  

Да потсетиме, и „Монделез интернешнл“ неодамна го претстави овогодинешниот асортиман за Божиќ кој вклучува осум нови производи на брендовите Cadbury и Toblerone. 

Извор: Talking Retail
Фото: Mars



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...